Половина педофили кои ја издржуваат казната во затворот Идризово го повториле делото, но никој не е кастриран. Поточно, од 53 педофили колку што се во Идризово, дури 33 повторно се пикнати во затвор поради повторно силување на деца.
Пред шест години, прво беше воведено јавно жигосување на педофилите со објавување на нивните лични податоци и фотографии на интернет страницата на МВР. Но, бројката на сексуални напади врз децата не се намали, па затоа се заострија казните. Сега минимална казна затвор за такво дело е 12 година, а во случај на нанесување на физички повреди или смрт, казната се движи од 15 години до доживотен затвор.
Законот за хемиска кастрација е донесен во 2014 година, и оваа казна е предвидена за педофили кој го повториле делота. Ако осудениот прифати хемиска кастрација него казната може да му се преполови, но, до денеска никој од нив не се согласил за кастрација. Од 53 осудени педофила, најстариот има 70 години, а најмладиот 26 години. И двајцата се осудени на 12 години затвор.
Поради зачестените случаи на силување на деца, корисниците на социјалните мрежи почнаа да бараат најостри казни. Дел од нив побараа педофилите да се кастрираат како стока, други смртна казна, а има и оние кои бараат тие деноноќно да бидат силувани од затворениците, како и самите би осетиле како тоа изгледа.
Според анализата на Првата детска амбасада “Меѓаши“, секоја година над 1.000 деца во Македонија страдаат од педофили, а само третина од нив се пријавени, бидејќи напаѓачите се обично нивни блиски или пријатели.
Инаку, хемиска кастрација е воведена и во Данска, Чешка, Велика Британија, Полска, Франција и Германија.