Ракометарите на Вардар по втор пат ќе поминат под Триумфалната капија за да стигнат на бината на плоштадот во Скопје каде веќе ги очекуваат илјадниците фанови.
Претходно, на скопскиот аеродром илјадници фанови три часа ги чекаа и ги дочекаа своите херои кои пристигнаа од Келн.
По неколку кратно оддолжување , чартер авионот слета на скопскиот аеродром, а вардарци беа дочекани како што заслужуваат, како вистински херои и европски шампиони.