Некогашна водителка, заштитно лице на „Макфест“, диџеј, Вера Јанковиќ наполни 57 години. Таа на својот Фејсбук профил откри како си го прославила роденденот.
„Полнам 57, се радувам сама, во четири ѕида, ве мислам, ми фалите.
Идемо заједно, као на матурско вече. Ускороооо!!!“
Во вториот Фејсбук статус Вера ја раскажа својата животна приказна.
“57 години стареам во цутот на младоста. Се брусам од суров дијамант, ја користам издржливоста на коњ за да заработам за сите убавини на овоземниот свет. Станувам ластовица која ги љуби топлите краишта, се вгнездува под сигурни стреи кои пак ги чуваат питоми,убави и меки ко душа луѓе.
Ете,тоа е мојот пат, мојата приказна-Тоа сум јас. Ви благодарам на честитките,емотивно,тектонски се изместив. Ме опивте со сета чиста и искрена енергија. Јас со години наназад безрезервно ви ги радував животите, едвам чекам да се најдеме онаму каде и припаѓаме!!!
Имавме доста време да седиментираме моменти, луѓе, искристализиравме место за посебните, верни, истрајни и лојални на основните животни кодекси. Заедно сме во борбата наречена ЖИВОТ, тука сме и баш ми е гајле шо девојчето кое некогаш имаше 27,37.. .
И беше убаво,згодно,полетнo, сега е повторно со таа форма, само доби нова содржина-мудрост и чудо од акал.
State of mind, чувајте си го,ќе ви треба,ќе ни требa. Ви симнувам капа за убавите желби и честитки. Wаy то г. Со почит, ваша Вера-DJ Генерал Јанковиќ“, напиша Вера.