Група граѓани, роднини и пријатели на жртвите во автобуската несреќа на компанијата „Беса транс“ утрово се собрани пред седиштето на компанијата во Скопје, интересирајќи се за своите најблиски.
Седиштето на „Беса транс“ чиј автобус враќајќи се од Истанбул денеска имаше сообраќајна несреќа во Бугарија при што загинаа 45 лица, од утрово го обезбедуваат и полициски службеници.
Инаку, туристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Македонија.