Српската манекенка и модел Тања Дукиќ не ни била свесна дека нејзиното патување во Индија ќе се претвори во хорор филм. Откако извесно време поминала на западниот брг на Индија, се вратила во Мубаи, каде ја дочела застрашувачка состојба. Целосна блокада на градот, малтретирање од полицијата и страв да не се разболe од коронавирусот во странска туѓа држава.
– Во моментов сум во Мумбаи со уште 50 туристи од Србија. Не знаеме што да правиме. Беше потребно еден месец да нè евакуираат тука. Секој ден ми минува низ глава што би се случило доколку останам болна овде, затоа што ситуацијата во нивните болници е страшна – започна приказната за Тања за српски „Ало“.
„Полицијата тука е многу строга, во случај да нè видат некаде надвор од нашите домови, нè водат директно во карантин затоа што тие веруваат дека ние го пренесуваме вирусот, како да е наш. Ситуацијата во Мумбаи е страшна. Полицијата малтретира и тепа луѓе по улиците“, додала Дукиќ.
– Веќе 30 дена сум во домашен карантин и сум преплашена. Моја претпоставка е дека целодневниот полициски час ќе биде продолжен до крајот на мај. Нарачувам храна и не го напуштам станот затоа што сум многу исплашена. За жал, живеам сама, така што тоа ги комплицира работите уште повеќе.
– Најпрво, целата оваа ситуација со коронавирусот беше „лов на белци“. Многумина беа протерани од хотелот, а на оние што останаа постојано им мереа температура и беа подложни на строги медицински проверки. Третманот кон белите луѓе тука е ужасен. Секој еден кој имаше малку температура одеше во државен карантин.
„Има голем недостиг на храна, работат само локалните аптеки и неколку пазари, но нема доволно храна за сите. Ситуацијата е многу тешка. Летовите во Индија се откажани до 1 јуни, што значи дека вонредната состојба најверојатно ќе биде продолжена до тогаш. Државата изгледа како ‘град на духови’. Во Гоа, дури и тигрите шетаат по улиците слободно бидејќи нема кој да ги згрижи. Премиерот на Индија, Нарендра Моди прогласи вонредна состојба и сите во државата го слушаат, изјавила манекенката.