Против 49-годишен жител на Тетово ќе биде поднесена соодветна пријава, откако полицијата пронајде дрога во неговиот дом во градот под Шара.
„На 03.02.2019 година во периодот од 13.30 до 15.00 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ј.С.(49) на улица „Кавкаска“ во Тетово. При претресот биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и семки од марихуана. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.