Полицијата по грешка убила девојче кое било во гардеробата на еден бутик во Лос Анџелес (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Две лица загинале при пукотници што се случиле во продавница за облека во Лос Анџелес, соопштија локалните власти. Едо од нив било 14-годишно девојче, кое во тој момент се наоѓало во гардеробата .

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека пукањето се случило околу 11:45 часот во продавницата Барлингтон, која се наоѓа во северниот дел на Холивуд, во долината Сан Фернандо, а портпаролот на противпожарната служба изјави дека телата на маж и жена биле пронајдени на местото на настанот.

Како што беше соопштено, уште една жена со тешки повреди е пренесена во болница, но не се знае дали нејзините повреди се резултат на повредите во престрелката, наведуваат американските медиуми.

Полицаецот наводно пукал во разбојникот кој бил до соблекувалната, а еден куршум случајно ја погодил и девојката. Се тврди дека и разбојникот бил убиен.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com