Полицијата од Тајланд „улови“ тројца среде интимни односи на пешачки надвозник (ФОТО)

by Тони Зографски

Полицијата од тајландскиот град Фицанулок пред неколку дена уапсила три лица поради интимни односи на јавно место.

Имено, двајца Тајланѓани и една Тајланѓанка биле „фатени“ на фреквентен пешачки надвозник во близина на училиште, а локалните медиуми објавија дека лицата се казнети со по 500 бати, што е околу 13,62 евра.

Полицијата открила дека надвозникот не бил само за преминување, откако еден од блиските станари објавил експлицитни докази на Фејсбук, а на местото на развратот пронашле перници и ќебиња.

„Откако фотографијата стана вирална, полицајците од станицата Mueang Phitsanulok ја проверија снимката од надзорната камера и открија дека тројцата имале секс. Тие додадоа дека се менувале“, се вели во нивната статија на веб-страницата Тајгер.

Последователно е објавено во јавноста дека станувало збор за бездомници зависни од дрога.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com