Полицијата трга по жена од Волонгонг во Австралија, кога исчезна со своите три деца, пишуваат австралиските медиуми. На мајката заедно со нејзините мали дечиња од вчера им се губи секој траг, а полицијата побара помош за нејзино лоцирање.
Мајката Кара Тауни (28) од Албион Парк Рејл последен пат е видена во средата на 11 декември околу 17 часот по локално време. Службениците од локалниот полициски округ се обавестени за тоа и започнаа истрага, но досега не успеаја да ја пронајдат.
Со неа се исчезнати и нејзините три деца, Тиа Кларк (3), Џеда Кларк (2) и Терел Кларк (4). Кара Тауни е опишана како жена со средна градба, со висина од околу 160 сантиметри, долга смеѓа коса и смеѓи очи.