Граѓаните кои беа приведени од скопската населба Ченто успеаја да излезат од Полициска станица. Претходно, градоначалникот на Гази Баба на насобраната толпа и ветуваше дека лицата ќе бидат ослободени.
Инаку, во скопската населба Ченто синоќа се случи инцидент помеѓу припадниците на полицијата и дел од жителите на населбата. Во момент кога поради нарушување на полицискиот час патролата лишила од слобода три лица, поголем број граѓани, прекршувајќи го полицискиот час, излегле на улиците и барале нивните сограѓани да бидат ослободени.
Како што јавуваат дел од медиумите, по дојава на граѓани полицијата привела неколкумина откако поголема група граѓани играле карти во двор од куќа. А1 Он јави дека меѓу приведените има и советник од општина Гази Баба од СДСМ.
Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски на насобраната толпа ѝ ветуваше дека лицата ќе бидат ослободени и „ништо нема да им фали“.
-Полека, малку да се собереме. Ќе одам до станица… ќе го викнам началникот. Само тргнете се, полициски час е. Ќе одам до станица, ништо не им фали на двајцата, ќе ги земам и ќе се вратам со началникот. Имате од мене збор, значи, тргнете се, им вели Георгиевски на собраните граѓани.
Видео од ослободувањето во продолжение, кое го сподели новинарот Салиу на својот фејсбук профил:
#HasanbegPolicia liron 3 të arrestuarit, banorët shpërndahen#СингеличПолицијата ги ослободи лицата кои што беа приведени
Posted by Furkan Saliu on Monday, April 13, 2020