Во британски Салфорд, град кој припаѓа на областа Голем Манчестер, тинејџер загинал вчера како последица на полициска потера.
15-годишниот Саул Куксон возел електричен велосипед додека бил следен од полицијата и се судрил со возило на брза помош.
Сообраќајните полицајци кои го бркале 15-годишникот биле принудени да ја прекинат потерата кога налетале на столпчиња. Полицијата на Манчестер соопшти дека судирот меѓу е-велосипедот и брзата помош се случил на патот Лангворти „моменти подоцна“. Независната служба за полиција оценила дека однесувањето на службениците било „со нормална процедура“, соопшти полицијата.
„Ние независно ги истражуваме околностите околу сериозниот судир на е-велосипедот и брзата помош во Салфорд. Возачот на велосипедот, 15-годишно момче, беше однесен во болница каде за жал почина. Нашите мисли се со семејството и пријателите на момчето кое трагично почина“, изјави нивниот портпарол.
„Бевме контактирани од полицијата на Манчестер поради фактот што полициско возило го следеше е-велосипедот непосредно пред судирот. Испративме инспектори на местото на судирот, на раскрсницата на патот Лангворти и Лоуер Сидли Роуд, исто така. Нашата истрага е во многу рана фаза и ќе дадеме дополнителни детали кога ќе можеме да го сториме тоа“, додаде тој.
Сличен инцидент се случи во Кардиф минатиот месец. Во комбе, полицијата следела двајца тинејџери на е-велосипед кои исто така загинале во несреќата, а нивната смрт предизвикала повеќечасовен протест во тој град.