По наредба на Јавното обвинителство во Заечар, запленети се телефоните на Бранко Периќ (60), заменик-градоначалникот на српскиот град Бор и на тинајџерката која пред неколку дена објави селфи на кој тие двајца се бакнуваат.
“Целта ни е повторно да го испитаме случајот. Затоа им ги одзедовме телефоните да утврдиме дали има додатни експлицитни фотографии или видео записи – изјавиле од српското Јавно обвинителство за “Новости“.
Инаку, интересно е што Бранко Периќ и таткото на тинејџерката се школски другари и често си иделе на гости.
“ Бранко секогаш беше пристоен човек и има прекрасно семејство на кое е секогаш посветен. Затоа мисли дека се ова му е наместено – изјавил жител на Слатина, каде што живее Периќ.
Од “Новости“ побарале изјава и од таткото на тинејџерката, кој одбил да каже нешто и веднаш си заминал.
Инаку, по објавување на спорните фотографии, Периќ се правдал дека нема ништо спорно во нив и дека само сакал да и се заблагодари на девојката, која одлично ја завршила работата со украсувањето на просториите. Девојката исто така тврдела дека немала ништо со него.
Поради скандалот, Периќ поднел оставка со образложение дека има лични причини.