По полицискиот час кој треаеше цел викенд преполни се контејнерите во Скопје. Контејнерите се преполни бидејќи во овој период ЈП Комунална хигиена работи само во една смена.
Од таму за новонастанатат ситуација велат дека во нормалниот период на работење отпадот се собирал до 5 часот наутро. За време на викендов нивните работнiци излегле на теренот и собирале отпад само до 14 часот и тоа од индивидуалните домови.
Инаку, во Скопје има 6.000 контејнери од кои секојдневно се собира ѓубрето. Дневно комуналните работници на „Комунална хигиена“ подигнуваат околу 500 тони отпад.
Фото: Фејсбук