Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 41-годишен жител на градот под Шара, поради поседување на дрога и продажба.
„СВР Тетово поднесе кривична пријава против Г.Е.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 07.12.2017 година на улица „Илинденска“ во Тетово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.“, велат од МВР.