По полициската бруталност врз Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на апсењето, по што тој почина, демонстрациите во САД не стивнуваат. Тие се проширија низ цела Америка, а вчера беше нападната телевизиската станица СНН во Атланта. Во Њујорк демонстрантите ги опколија полицајците, по што тие се спасија поминувајќи низ толпата со автомобилите.
Запалени се бројни продавници, автомобили, а почнаа и масовни грабежи .
Во Мајами, една сцена ги трогна разлутените демонстранти. Кога се приближија до полицајците, тие клекнаа и на колена побараа прошка од демонстрантите.