Димитар Петрулев, адвокат на велешанката Павлина Иловска, посочи дека таа се плаши за својот живот. Ова доаѓа откога полицаец од Велес, колега на покојниот партнер, ѝ се заканувал, а беше објавено јавно.
„Со оглед на фактот дека беше во куќен притвор, не е пријавено во полиција, само усно. Сметам дека се плаши својот живот“, посочи адвокатот.
Тој е задоволен од судската одлука – ослободителна за велешанката Пале.
„Врз основа на сите докази, донесена е законска одлука“, додаде тој.
Прашан како гледа на тоа дека ослободителната пресуда ќе биде обжалена: „Тоа е право на Обвинителството“, додаде тој.