Полицаецот кој интервенирал за да спречи бучна забава поцрвене кога гостинките го помешале со стриптизер.
На видеата кои се проширија на социјалните мрежи може да се види како млад, згоден полицаец стои засрамен покрај вратата додека околу него се собираат жени и го снимаат со мобилните телефони, а некои од нив скандираат: „Стриптизер, стриптизер!“, пренесе Дејли Меил.
Полицаецот се насмевнува како да е засрамен и продолжува да разговара со веселите гости на забавата.
– Она кога доаѓа полицаецот да ви каже дека сте премногу бучни, а мислите дека дошол стриптизер – стои во описот на видеото.
Многу коментатори на социјалните мрежи рекоа дека видеото е урнебесно.
– Едноставно си замина затоа што околу него почнаа да тверкаат жени“, е еден од коментарите под видеото.
– Чекај, ќе го прашам мојот пријател дали овој човек работел во неговата станица. Како да сум го видел некаде претходно“, напишал друг.
Некои изразија сочувство за младиот полицаец.
– Кутриот, пишуваат некои.
Сепак, други велат дека полицаецот не доживеал премногу трауми.
– Ова е веројатно врвот на неговата кариера, напишаа тие.