Политичкиот трилер „Битка по битка“ со најмногу Оскари

by Тони Зографски

Политичкиот трилер „Битка по битка“ е најдобар филм на 98-те „Оскари“, што се одржаа синоќа. Пол Томас Андерсон конечно го освои својот прв „Оскар“, по неколку номинации. Со шесте статуетки, „Битка по битка“ го надмина фаворитот со рекорден број номинации „Грешници“, кој на крајот освои четири „Оскари“. „Битка по битка“ освои и награда за најдобро адаптирано сценарио. Филмот имаше вкупно 13 номинации.

Повеќе номинации (16) имаше само филмот „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер – драмата сместена на американскиот Југ, повеќе од кој било друг филм во историјата. Филмот ги доби наградите за најдобро оригинално сценарио, камера, филмска музика и главен актер – Мајкл Б. Џордан, кој игра двојна улога во „Грешници“. Тој ги победи, меѓу другите, Леонардо Ди Каприо и Тимоте Шаламе, номиниран за улогата на играч на пинг-понг во „Врвниот Марти“.

Наградата за најдобра главна актерка ја доби ирската актерка Џеси Бакли – во драмата „Хамнет“ таа ја игра сопругата на поетот Вилијам Шекспир, која тагува по својот син.

Холивудската ѕвезда Шон Пен го освои својот трет „Оскар“. Тој не беше присутен на церемонијата на доделување на наградите, го освои Оскарот за најдобра споредна улога за улогата на корумпиран воен офицер во „Битка по битка“.  Награда за најдобра споредна улога во женска конкуренција освои Ејми Мадиган за хорор-филмот „Оружје – часот на исчезнувањето“.

Американката Отом Дуралд Аркапо е првата жена што освои „Оскар“ за кинематографија. Прв пат се додели и награда за најдобар кастинг, кој ѝ припадна на Касандра Кулукундис за „Битка по битка“.

Два филма освоија „Оскар“ за најдобар краток филм – „Пејачи“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“.

Еве ја целосната листа на победници:

Најдобар филм: „ Битка по битка“

Најдобра актерка: Џеси Бакли, „Хамнет“

Најдобар глумец: Мајкл Б. Џордан, „Грешници“

Најдобра споредна женска улога: Ејми Мадиган , „Пиштоли“

Најдобар спореден глумец: Шон Пен ,„ Битка по битка“

Најдобар режисер: Пол Томас Андерсон, „ Битка по битка“

Најдобра оригинална музика: Лудвиг Герансон, „Грешници“

Најдобар анимиран филм: „K-Pop: Демонски убиец“

Најдобар меѓународен филм: „Сентиментална вредност“

Најдобар документарец: „Господин Никој против Путин“

Најдобар кастинг: Касандра Кулукундис, „ Битка по битка“

Најдобар звук: Гарет Џон, Ал Нелсон, Гвендолин Јејтс Витл, Гари А. Рицо и Хуан Пералта, Ф1

Најдобро оригинално сценарио: Рајан Куглер, „Грешници“

Најдобро адаптирано сценарио: Пол Томас Андерсон, „ Битка по битка“

Најдобар краток документарец: „Сите празни соби“

Најдобар краток филм: „Пејачите“ и „Двајца луѓе разменуваат плунка“ (нерешено)

Најдобар краток анимиран филм: Девојката што плачеше бисери

Најдобра музика (оригинална песна): EJAE, Марк Соненблик, Јунг Гју Квак, Ју Хан Ли, Хи Донг Нам, Џонг Хун Су и Теди Парк за Златна, K-Pop: Demon Hunter

Најдобра монтажа: Енди Јиргенсен,„ Битка по битка“

Најдобра кинематографија: Оумн Дуралд Аркапау, „Грешници“

Најдобра сценографија: Тамара Деверел и Шејн Вио, „Франкенштајн“

Најдобар дизајн на костими: Кејт Холи, „Франкенштајн“

Најдобра шминка и фризура: Мајк Хил, Џордан Самуел и Клеона Фјури, „Франкенштајн“

Најдобри визуелни ефекти:Џо Летери, Ричард Бајнам, Ерик Сајден и Даниел Барет, „Аватар: Оган и пепел“

останати вести