Атиџе Муратова која што јавноста ја запозна преку „Медена земја“ каде таа беше главна хероина, деновиве во својот нов дом во село Дорфулија ја угости екипата на „Бекстејџ“.
Пред камерата на естрадниот телевизиски магазин Атиџе зборуваше за својот живот, пчелите, новата куќа, но и љубовта.
Јас сум задоволна, како се вели во мојата нова песна, чекор по чекор. На прво место е здравјето, покрај здравјето се ќе си дојде, вели Атиџе.
За тоа дали имала страв околу ситуацијата со коронавирусот, таа вели:
Што е од Господ тоа е, кај што има село, има и гробишта. На кој како му е пишано, додава таа.