На модната ревија ,,Бело Кабаре” на италијанскиот машки и женски бренд за долна облека, која се одржа во италијанскиот град Верона, во првиот ред од елитните гости се најде и манекенката Ирина Шајк. Таа седеше во првиот ред облечена во црна проѕирна комбинација –фустан со длабоко деколте и црни чизми со високи потпетици.
Ирина беше во друштво на американската актерка Сара Џесика Паркер, која на шоуто носеше црн комбинезон со проѕирни ракави. На манекенката и на актерките им се придружи италијанската модна креаторка, Кјара Ферагни.
Инаку, во јуни годинава, Шејк ја прекина врската со 44-годишниот американски актер Бредли Купер со кого ја има двегодишната ќерка, Леу де Син.