Кристофер Мелони откри дека не ни замислувал дека на 61-годишна возраст ќе ја носи титулата „зади“ (американски сленг за атрактивен постар маж, кој е харизматичен).
Во интервју за магазинот „Пипл“, Кристофер се пошегува дека има среќа што во неговата „фаза на одјавување од животот“ луѓето сè уште мислат дека е привлечен.
“Смешно е што ми ја дадоа титулата ‘зади’. Ништо не треба да сфаќате премногу сериозно во животот, затоа ја прифаќам секоја титула што ќе ми ја дадат, рекол Кристофер.
Инаку, деновиве Кристофер стана интернет-сензација по објавувањето на исечок од рекламата во која е гол.
“Мажи, толку ли е тешко?, Жена, деца и фитнес, Мажите на негова возраст се тежок хаос, но не тој, пишуваат во коментарите.
“Мојата сопруга е прекрасна и го разбира интернет-лудилото. Децата од друга страна полудуваат кога другарите од училиште им испраќаат мемиња кои имаат врска со мене, додал актерот.
Кристофер е во брак со продуцентката Дорис Шерман од 1995 година и имаат две деца.