Податоците што доаѓаат со месеци за руската вакцина против коронавирус Спутник V не откриваат нови несакани ефекти, изјави денеска извршниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитријев.
Запрашан, во интервју за телевизискиот канал „Русија-24“, дали се регистрирани нови несакани ефекти од вакцината уште од почетокот на масовната кампања за вакцинирање, тој рече дека нема такви и дека тоа е добра вест.
„Спутник V покажа одлични резултати, не само во Русија, туку и во голем број други земји“, посочил тој.
Дмитриев рече дека многу земји ја проучувале ефикасноста и безбедноста на руската вакцина.
„Спутник V се покажа како вредна за милиони Руси и милиони луѓе во други земји каде е докажано дека е целосно безбедна“, додал тој.
Comments are closed.