Поранешната презентерка на временска прогноза, а потоа и водителка на различни емисии на Островот, Улрика Џонсон (54), на Инстаграм опиша што ѝ се случило претходниот викенд.
Улрика се разбудила во кревет со силна главоболка и двајца помлади мажи до неа.
Оваа мајка на четири деца после долго време излегла со ќерката Бо (20) и три нејзини другарки, а како завршила ноќта, само таа знае.
– Отидовме во еден бар каде пиевме цела ноќ. Колку сум испила најдобро говорат модринките по телото, со оглед на тоа што сум правела будала од себе и трипати сум паѓала од столот. На крај нè избркале од барот, па сме отишле во друг – пишува Улрика.
Благодарение на ќерката со која вечерта пиела, сфатила дека била толку пијана што нејзините пријатели ја однеле дома, па со нив продолжила да пие и сите заспале во креветот.
Извор: objektiv.rs