Кога Рајан Гослинг и Ева Мендес се заедно, тие ги кршат сите непишани правила. Славниот пар може да си дозволи луксузен живот и уживање, но сепак избираат да ги воспитуваат ќерките во едноставност и труд. Тие живеат во мал стан, ги делат домашните обврски, а немаат ни дадилка. А причината зошто се одлучиле на ваков начин на живот е специфична.
Рајан и Ева се големи холивудски ѕвезди, но живеат многу скромен живот. Тие одгледуваат две ќерки, но не во огромна палата во Холивуд Хилс. Наместо тоа, тие живеат во мал стан со 2 спални. Актерите сакаат на своите деца да им дадат нормално детство, поради што го кријат својот живот од љубопитните очи и поминуваат многу време надвор од градот. Тие можат да шетаат таму со своите деца без да привлечат премногу несакано внимание.
Нивната најстара ќерка Есмералда има 8, а Аманда 6 години. Гослинг и Мендес не сакаат дадилка, што е без преседан во Холивуд. Тие сами ги воспитуваат децата, а кога им е потребна помош им помагаат родителите на Ева.
Тие двајца се совршен пар, таа сака да готви, а тој да чисти. Мендес вели дека таа е „кујнски фрик“. Нејзината страст за чистење се претвори во деловен проект. Ева стана косопственик на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење. Мендес сака да ги мие садовите и да го чисти мијалникот. Таа вели дека тоа има терапевтски ефект врз неа: „Животот е толку хаотичен. Но, единственото нешто што можам да го контролирам е мојата куќа, мојата кујна. Така, кога ги мијам садовите, тоа е медитативно за мене и оди подлабоко од само чистење, тоа ми дава јасност. Чист мијалник за мене е чист ум“.
Како косопственик на компанијата, Ева мора да остварува деловни повици. Сето тоа го прави од дома. „Тоа е хаос! Ќе бидам на видео повик со разни луѓе и нема да имам поим што се случува. Ќе приметам само дека луѓето на еден начин се смешкаат, и ќе видам дека мојата помала ќерка како стои зад мене со нејзиното бебешко ќебе и изгледа толку слатко“. Така, ѕвездата постави некои основни правила: Затворените врати значат дека мама работи, но нејзините деца сè уште наоѓаат „важни“ причини да ја посетат Мендес во нејзината домашна канцеларија.
Рајан има импресивна актерска кариера која често го држи зафатен, но истакнува дека пред се‘ е татко, а дури потоа актер. Ева направи пауза од актерската кариера за да го посвети своето време на она што за неа е најкреативното нешто на светот – мајчинството. Таа вели дека била опкружена и со мајчината љубов и дека тие години на посветеност ја обликувале како личност. Мендес размислува и за враќање на филмското платно, но нејзините очекувања за идните проекти се сменија. „Не сакам да правам ништо насилно“
Тие решија да ги школуваат децата дома. На почетокот Ева сама се обидела да ги учи своите ќерки, но брзо се откажала од таа идеја. Сега девојките имаат тутор кој ги учи дома и додека патуваат.