Кралицата на поп музиката Мадона вложува многу пари во својот изглед поради што денес никој не би ѝ ги дал нејзините 63 години, а сега е инспирација на пластичниот хирург специјалист за лице др Гери Линков, кој во видео на YouTube објаснува на кои зафати се подвргнала ѕвездата во текот на кариерата и колку тоа би чинело.
Уште во 1990 година Мадона ја имала првата естетска операција. Хирургот забележува дека челото ѝ е значително повисоко од претходно. Објаснува дека станува збор за процедура на подигнување на веѓите, а со самото тоа се изведува зафатот со кој се подигнува кожата над челниот дел од главата.
Во 1995 година, според др Линков, Мадона го прави првиот фејслифтинг. Пет години подоцна па сѐ до 2010 година пејачката ги прави првите верзии на она што денес е познато како филери, но на почетокот од миленииумот единствен филер кој бил дозволен бил колаген филерот.
„Меѓутоа, работите посериозно се менуваат од 2010 година, кога пејачката уште тогаш ги правеше многу популарните филери кои ѝ го направија ‘попуфнестиот’ изглед на лицето“, вели хирургот.
Линков истакнува дека драстичната промена во 2020 година е последица на уште еден фејслифтинг, кој го следеле уште два такви зафата, како и средување на очните капаци и на подочниците, а во комбинација со претходно правените филери довеле до многу чуден изглед на лицето.
Според неговата процена, Мадона од 1982 година до денес направила три фејслифтинзи, трипати ги подигнувала веѓите, двапати очните капаци, повеќепати вбризгувала филери, а можеби со текот на годините ѝ се правени и импланти на влицата и отстранување на вишокот масти.
Како што појаснува, еден фејслифтинг чини од 10.000 до 50.000 долари, подигнувањето на веѓите од 5.000 до 30.000 долари, на капаците и подочниците од 10.000 до 30.000 долари, филерите од 500 до 1.500 долари по еден третман, а најверојатно пејачкита имала најмалку 30 такви инјектирања изминатите години.
Проценува дека за нејзиниот младешки изглед се потрошени најмалку 215.000 долари, без другите третмани за подмладување на кожата.