Непознато лице оставило плико со куршум пред влезот во станот на познатиот српски лекар Л.М. во Белград. Исплашениот лекар повикал полиција и ги предал докази.
Полицијата извршила разговор со лекарот откако пред влезот на неговиот стан во Белград било пронајдено плико со куршум. За случајот е информирано и обвинителството. Се истражува дали се работи за шега или за сериозна закана. Случајот бил пријавен на 20 февруари годинава, пренесува Телеграф.
Засега сè уште нема детали од истрагата за случајот ни дали постои сериозна опасност по животот на лекарот, пренесуваат српските медиуми.