Федор Григориевич Углов бил извонреден руски хирург, академик на многу академии ширум светот, доктор на медицински науки, професор и стогодишник. Тој формулирал систем за долговечност кој го развил од лично искуство.
Со оглед на тоа што живеел повеќе од еден век, тој бил вклучен во Гинисовата книга на рекорди како најстариот хирург кој активно работел. Својот 100-ти роденден го прославил на операциона маса бидејќи никој друг не се осмелил да ја направи сложената операција.
Ви го претставуваме списокот на 12-те правила кои му овозможиле да живее 104 години.
1. Под ниту едни околности не паѓајте со духот
„Секогаш се враќаше среќен од работа и секој пат кажуваше нешто оптимистично и интересно. Се трудеше никого да не вознемири со лоши вести, имаше само позитивни емоции. И сè во куќата заблескуваше кога пристигнуваше тој. Беше оптимист!“, Емилија Викторовна се присетила на својот сопруг.
2. Сакајте го вашето семејство
Презафатениот хирург ја запознал својата сродна душа дури на 60-годишна возраст, а неговата избраничка Емилија Викторовна, која тогаш имала 28 години, била кардиолог. Од тој момент тие никогаш не се разделиле. На 66-годишна возраст го добил синот Григориј. Парот бил во среќен брак 44 години.
3. Сакајте ментална и физичка работа, таа гарантира развој
Д-р Углов верувал дека најдобриот одмор е промената на активности. Бил мајстор со управување на времето, комбинирајќи ја својата работа како хирург и писател. За време на повеќе од 70 години хируршка пракса, тој постојано барал нови интереси и си поставувал амбициозни цели. Го совладал „ракувањето“ со хируршки инструменти и со лева рака. Таа вештина се покажала непроценлива за време на најсложените операции и со тоа ги спасувал животите на пациентите. Еднаквата контрола на левата и десната рака му помогнала да одржи бистар ум во староста.
4. Сè во животот треба да биде интересно, така се одржува умот
Во поодминати години, професорот Углов одржувал не само физичко здравје, туку и јасно размислување. Тој го поврзувал ова со континуирана научна активност, која подразбирала проучување на најновите достигнувања на светската хирургија, пишување научни трудови и уредување на медицинско списание. Имал феноменална меморија за поезија, редовно рецитирал стихови на глас. Таквата ментална активност придонела за зачувување на когнитивните функции и спречување на деменција. Тој верувал дека животниот век на човекот во голема мера е определен од неговите постапки и избори.
5. Јадете умерено
Растејќи во големо семејство со ограничени ресурси, д-р Углов уште од мали нозе научил да јаде штедливо, почитувајќи ги принципите на физиологијата. Наместо строга диета, тој јадел разновидна храна во умерени количини, внимавајќи неговите порции да бидат мали. Немојте да се прејадувате. „Колку е потенок струкот, толку е животот подолг!“.
6. Одржувајте нормална тежина
Вишокот килограми носи многу непријатности и го зголемува ризикот од разни болести, како што се висок крвен притисок, висок холестерол и атеросклероза, дијабетес, срцеви заболувања, болести на зглобовите, жолчното кесе и болести на белите дробови, некои форми на рак, сметал тој.
7. Почитувајте го режимот на работа и одмор, тој е основа на здравјето
Режимот на работата и одморот е вграден во самата основа на вашето тело. Сакајте го вашето тело, грижете се за него и зајакнете го. Не плашете се да одите на лекар на време. Дури и на 100-годишна возраст, Фредор Углов останал активен и одржувал добро здравје. Вршел секојдневни работи, како собирање дрва за огрев, чистење снег, планинарење и скијање. Сфаќајќи ја важноста на здравите нозе за еден хирург кој извршува долги операции, тоj го истакнал зајакнувањето на мускулите на долните екстремитети и карличната област со помош на основни вежби – клекнувања. Тој физичката активност на нозете ја сметал за составен дел од неговиот животен стил, а најмногу го сакал пешачењето. Долго практикувал полевање со ладна вода од канта.
„Строго се придржуваше на режимите. Секогаш заминуваше во кревет во 23.30. Без доцни вечерни собирања! Веруваше дека ноќта на човекот му е дадена за спиење. Стануваше во 7.30, без будилник. Се бричеше и појадуваше. Во 9 часот веќе беше во институтот“, се присетила неговата сопруга.
8. Престанете да пушите и пиете
„Никогаш не пијте и не пушете, инаку сите други препораки ќе бидат бескорисни“. Д-р Углов бил строг тетоталер. Потполно се воздржувал не само од алкохолни пијалаци, туку и од какви било лекови кои содржат алкохол
9. Негувајте љубов кон татковината
Професорот Углов имал длабока љубов кон својата татковина, како вистински патриот. Тој верувал дека поврзаноста со историското наследство и корените на една нација му дава на човекот посебна отпорност и виталност.
10. Правете добро на луѓето и не очекувајте благодарност
Сметањето на благодарност сигурно ќе резултира со разочарување. Комбинирањето на страста кон својата професија и вистинска грижа за луѓето е од суштинско значење за водење исполнет и значаен живот. Кога човек е страстен за она што го сака, тој наоѓа во тоа извор за инспирација и самоспознавање. Професијата престанува да биде само начин за заработка, претворајќи се во повик и извор на длабоко задоволство. Помагањето на другите, сочувството и љубезноста, создаваат атмосфера на позитивност и хармонија околу нас, а тоа благотворно влијае на нашето физичко и емоционално здравје.
„Христијанин е оној кој прави добро затоа што не може а да не прави добро. Тоа е неговиот нормален природен живот“, верувал.
11. Бесмртноста е недостижна, но должината на вашиот живот зависи од вас
Бесмртноста е вечниот сон на човештвото, но во овој момент е недостижна во овој момент. Од друга страна, нашиот животен век во голема мера зависи од нашите сопствени избори и акции. Особено внимавајте на патиштата, бидејќи тие денес се едно од најопасните места на светот. Можеме да го зголемиме очекуваниот животен век со усвојување на здрав начин на живот. Тоа вклучува редовно вежбање и здрава исхрана. Стресот, анксиозноста и депресијата можат негативно да влијаат на нашето ментално здравје и да доведат до зависност. Пронајдете здрави начини за управување со стресот – вежбање, медитација или јога, тоа е клучно за нашата општа благосостојба.
12. Пренесете ги правилата за долговечноста на своите деца, тоа е ваша должност
Поштедете ги своите деца од музиката која го уништува здравјето, телевизиските програми и социјалните мрежи на Интернет.
Здравјето започнува во детството …