Пластичен хирург од Беверли Хилс, кој се појавил во серијата „Доктори“, починал од коронавирус откако жена без маска кашлала кон него додека и давал инјекција за устата.
Д-р Пајман Симони (50) носел маска додека изведувал операција врз жена, која го пополнила неопходниот ковид формулар и се проверила нејзината температура пред да влезе во салата, иако не била тестирана за вирус, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на ТМЗ.
Таа се јавила во канцеларијата на докторот неколку дена после хируршката интервенција да му соопшти дека е позитивна на коронавирусот, а Симони веднаш заминал во самоизолација, меѓутоа, подоцна бил хоспитализиран.
Неговата состојба потоа се влошила, бидејќи имал неколку ковид симптоми, вклучувајќи и тежина при дишењето, додава ТМЗ.
Изворот додава дека Симони на крајот бил воведен во вештачки предизвикана кома пред да почине од крварење во мозокот.
“Шокот бил толку голем што тој бил совршено здрав пред короната. Тој е доктор, му се јавив кога имав ковид, ми даваше упатства што да правам”, изјави за КЦАЛ неговата пријателка Кети Амири-Јунеси.