“Можноста за студен период оваа година – најверојатно во декември – се уште е „многу реална“, изјави за Политико Карло Буонтемпо, директор на службата за климатски промени Коперник при Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег (ECMWF).
“Излегуваме од топло лето. Знаеме дека зимите стануваат поблаги. Затоа, можеби сме склони да мислиме дека зимата ќе биде блага и дека не треба да се грижиме“, вели Буонтемпо.
” Прогнозата што ја објавуваме денес и нашето разбирање за тоа како функционира климатскиот систем, нè наведува да укажеме дека всушност сè уште постои шанса за многу студен бран, а оваа година шанса за тоа – пред Божиќ – е поголемa отколку во нормална година“.