Возачот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ е 35-годишниот Турчин, Алсин Левент. Тој во неделата се заби во возилото во кој беше Шабан, кој подоцна им подлегна на повредите. Што се однесува до Алсин, тој не е во затвор, туку е во болница, и е под полициска присмотра.
Како што пишува Новости.рс. во четврток ќе се изврши обдукција, а истиот ден телото на Шаулиќ со авион на српската Влада ќе биде пренесен во Белград. Погребот на кралот на народната музика ќе се изврши најверојатно во петок.
Интересно е што Шабан три месеци пред смртта одлучил да состави тестамент, а целиот свој имот кој вреди неколку милиони евра го оставил на сопругата, децата и внуците.
“Тестаментот е направен во нивната семејна куќа, во присуство на Гоца. Во него е потенцирано дека вилата која вреди милион евра и ја остава нејзе, три стана им оставил на децата, на сите по еден, а стои и клауза дека куќата на Дедиње не смее да се продава, додека со становите можат што сакаат да прават, одлуката е нивна. Покрај имотот, со заштедата на Шаулиќ целосно право да располага со истата има сопругата, а според тврдењата на пријателите на сметките има најмалку 500 илјади евра“, открил пријател на кралот на народната музика.