Убиениот на паркингот пред ТЦ „Мавровка“ е Васил Ефтимов, управител на фирмата Мителмонт, дознава Алсат.
Тој денеска е убиен со огнено оружје од лице кое, според очевидци, прво го отворило багажникот од неговиот автомобил, од каде што зел пакет, а потоа пукал кон жртвата.
Кога се случил инцидентот, Ефтимов бил придружуван од женско лице. По доаѓањето екипата на брза помош ја констатирала смртта.
Полицијата веќе соопшти дека во врска со случајот се приведени две лица, а посочија дека се трага и по уште едно лице.
Засега не се познати причините за ова убиство.