Оздравените пациенти не се имуни од повторно заразување, – вели инфектологот Алириза Османи, за ТВ21.
“ Иако организмот формирал антитела, тие го губат заштитниот ефект и може да дојде до реинфекција. Досега 35 граѓани во Македонија по втор пат биле заразени со коронавирус, објаснува тој.
„Нормално, ако не се формирани антитела организмот може да се зарази со вирусот исто како сезонскиот вирус кој може да се добие секоја сезона“, истакна Алириза Османи.
Во Македонија има пациенти кои биле заразни во првиот бран напролет, но потоа, во вториот бран повторно им било потврдено присуство на коронавирус. Вакви случаи третирал инфектологот Османи. Еден лекар и една медицинска сестра два пати го прележале вирусот.
„Едниот беше на домашно лекување без симптоми, односно со лесни симптоми. Другата колешка пак беше третирана на Инфективната клиника. Нејзините симптоми беа кашлање, главоболка, замор, болка во зглобовите, изгубено чувство за вкус. Но, иако имаше формирано антитела, сепак вирусот повторно го нападна истиот организам. Велам повторно бидејќи многу влијаеше и стравот, бидејќи тој е главниот фактор кој доведува до паѓање на имунитетот на организмот“, додава Алириза Османи.
извор: ТВ21