Натпреварот меѓу Аргентина и Холандија донесе многу тензија и провокации на теренот, но за жал неколку часа по мечот донесе и една трагична вест поврзана за еден американски новинар.
Познатиот американски новинар Грент Вал починал во Доха за време на средбата меѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Светското првенство, откако неговиот колега Тод Голдман алармирал за влошување на неговата состојба во една од просториите за новинарите.
Во моментите кога му се слошило, Грант известувал за случувањата на средбата на мундијалот во Катар, а откако имало прв обиде за реанимација, за жал била констатирана смрт во болница.
Смртта на 48-годишниот новинар ја потресе цела американската фудаблска Федерација од каде се јавија со официјално соопштение за слученото, но повеќе од јасно е дека сега ќе следи истрага за неговата смрт поради зборовите на неговиот брат.
Грант се пожалил на болки во пределот на градите пред неколку дена и истакнал дека не се чувствува најдобро во Катар, а беше и приведен од полицијата поради тоа што имаше обид да влезе на теренот со маичка која ги има боите за поддршка на ЛГБТ заедницата.
– Моето име е Ерик Вал, живеам во Сиетел. Јас сум брат на Грент Вал и јас сум геј. Јас бев причината поради која тој носеше таква маичка на мундијалот. Мојот брат беше здрав, ми кажа дека добивал закани за смрт. Не верувам дека умре сам од себе, мислам дека го убија, – порачал братот на новинарот на социјалните мрежи.