• ол инклузив престој во Шале Цермат Пик во Швајцарија
• Седумдневниот холистички велнес спа на Golden Door во близина на Сан Диего
• три ноќевања во приватна вила во Сен-Барт Рај на Карибите
• луксузни кујнски апарати Thor Kitchen
• 10.000 донирани оброци на растителна основа за домашни миленици како поддршка на ПЕТА
• целата линија на луксузни производи за нега на кожа Miage
Компанијата задолжена за торбите за подароци, во соопштение за печатот, вели дека целта „не е само да се делат бесплатни работи – туку да се промовираат производи и брендови кои ја прифаќаат различноста и филантропијата во категориите убавина, храна и забава“.
Има и некои поевтини работи како:
• блендер
• луксузни пуканки
• одржливи ранци и чанти рачно изработени
• пренослива инфрацрвена скара
• дизајнерска перница
Сеуште не е позната точната вредност на овогодинешната торба за подарок на Оскар, но јасно е дека станува збор за шестцифрена цифра. Минатата година вредноста на тобата била 125 илјади долари.