Српскиот рапер Далибор Андонов Гру ја скршил кичмата на два места, па парализиран се удавил, се првите резултатите од направената обдукција. Неговите другари со чамец се обиделе да му помогнат, но тој веќе бил мртов кога го извлекле на брегот.
Инаку, Гру загина вчера во несреќа додека бил на кајтинг во вода. Станува збор за комбиниран спорт од сурфање и параглајдеризам на вода.
Андонов настрадал додека сурфал на вода со Наутичкиот клуб „Земун“. Силниот ветер го изненадил раперот и буквално неколку пати го кренал во воздух и го потопил во вода.