Познатите не ги пуштаат децата во школо (ГАЛЕРИЈА)

by Тони Зографски

Денешниот бојкот на настава поради загадениот воздух, кој го организира група граѓани преку Фејсбук, го поддржа повеќе наши јавни личности.
Меѓу нив е водителката Миа Костова, чиј син е прво одделение, музичарката и професор Андријана Јаневска, чиј постар син е второ одделение. Поддршка даде и поранешната водителка Хелена Роза која со семејството живее во Нов Зеланд, Владимир Блажев-Панчо од ДНК, татко на второоделенец. Потоа, пејачката Тамара Тодевска, без оглед што нејзината ќерка оди во градинка, пејачката Сара Мејс и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски кои станаа родители во септември.


Токму Тамара е една од најгласните на социјалните мрежи кога станува збор за загадувањето. Таа во неколку наврати има изјавено дека кога во Скопје е најзагадено „бега“ во Гевгелија, каде што живее семејството на нејзиниот сопруг.


„ Верувам дека на секого од нас нашето здравје, а посебно здравјето на нашите деца ни е пред се останато. Затоа како совесен граѓанин и родител на ова ТАЖНО И КОНТАМИНИРАНО Скопје, ве замолувам и повикувам што по масовно да ја бојкотираме учебната наствата во понеделник за доброто на нашите деца!!!! ЗДРАВЈЕТО ПРЕД СЕ“, стои во Фејсбук објавата на оваа иницијатива.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com