На темата околу првиот секс проговори дел од српските јавни личности.
Здравко Чолиќ
“Прв пат имав секс на 15 години. Тоа се случи на една ливада, наоколу имаше камења, а во близина река – идила – што би се рекло со еден збор, а невиноста и ја подарив на една овчарка. На селските девојки кои чуваа овци во тоа време им бев многу симпатичен и сите сакаа да бидат со мене”, рекол Чола.
Цеца Ражнатовиќ
Фолк дивата вели дека била од последната генерација девојчиња каде невиноста била навистина важна.
“Бев невина се до 18-та година од животот. Прв пат легнав со маж со кој бев претходно година и пол во врска. Тоа не го направив поради потреба, туку од чиста љубопитност. Кога видов како изгледа сето тоа помислив, па сексот и не е нешто посебно. Дури со својот сопруг почнав да уживам во сексот”, рече Цеца.
Познатата водителка ја изгубила невиноста на 16 години.
“Губењето на невиноста е трауматично искуство, затоа што тогаш завршувате еден живот и започнувате со друг. Тоа беше прв пат кога бев убава и ја изгубив невиноста на 16 години. Бев толку заљубена во тоа момче што само сакав не него да се препуштам. Во тоа време долната граница беше 16 години, и морам да кажам дека едвај чекав да наполнам толку, за да можам да уживам во тоа “, рече таа.
Огњен Амиџиќ
Водителот и пејач првиот секс го имал на 15 години и вели дека од денешна перспектива му изгледа дека во тој миг правел се освен секс. Додека неговите не биле дома викнал една другарка од средно училиште за да експериментираат.