Рускиот исцелител Виталиј Островски кој им помага на Русите да се вратат на природата и да останат здрави – тврди дека постои комбинација на природни лекови со кои можеме да живееме многу долго.
Комбинации има многу, а една од најмоќните е, вели – ѓумбир и црн ким.
Тоа е „лек од смрт“ и е едноставен, исто како што е многу едноставно одржувањето на животот, тврди овој руски алтернативец која има милионски прегледи на неговите емисии за здравје на каналот на „Јутјуб“.
– Ако сте родени во природни услови – природата ќе ве одржува и лекува. Ако сте родени во хемиски услови – ќе ве одржува и лекува хемијата – вели Виталиј Островски.
За да го направите овој сок, треба да ги исполните основните услови.
Прво, маслото од црн ким мора да биде со сите елементи во трагови. Значи, советува Островски, кога ќе го купиме ова масло од нашите арапски соседи, треба да ја најдеме онаа што има талог. Тоа ќе биде доволен знак дека не е целосно филтриран и лишен од микроелементи. Се разбира, мора да биде ладно цедено.
– Рафинираното масло е неупотребливо, бидејќи во него се убило се што било живо. Маслото што го купуваме евтино (сончоглед) е смрт за нас. Па да, нè има многу, а ако не намалат – ќе има помалку гужви и во автобус и во метро – саркастично вели Островски.
Како се пие?
Доколку сакате да живеете безгрижно, далеку од смртта, оваа смеса треба да ја пиете три пати на ден, по една лажица, еден месец. Можете исто така да го земате во фази, двапати годишно по еден месец секој ден, на пример во пролет и во есен.
Како се подготвува?
Ѓумбирот треба да биде органски. Овие две природни нешта се спојуваат. Ѓумбирот се ренда, па се цеди и во истиот сооднос се меша со масло од црн ким.
Ако сакате да живеете „вечно“ – тогаш пијте постојано секој ден. Зошто оваа напивка е посилна од смртта? Виталиј Островски одговара:
– Затоа што ја одржува жолчката здрава и подготвена, а ако е таа здрава, се е здраво. Нема болест и рак. Со овој напиток секој ден се чистат цревата од разни паразити, а организмот е здрав и може да трае долго.
Како ги отстранува седите влакна?
Тој не е моќен само за внатрешниот ред и здравје. Кога сакате да се ослободите од седата коса, Островски вели дека треба 500 пати да го триете темето до косата и низ косата.
„Тоа е стар кинески рецепт што го слушнав од моите пријатели будисти“, вели тој.
Вистинската комбинација
Виталиј Островски никогаш не ги наметнува своите совети за здравје. Секогаш вели дека тој така прави и дека нему тоа му одговара а ние да се обидеме да ја најдеме вистинската комбинација за нас.
Ѓумбирот има моќ да влијае на фоликулите на косата, а црниот ким го поттикнува растот и ги убива штетните микроорганизми.
Ако веќе сте го направиле овој моќен сок, тогаш користете го за масажа на носот, надвор по лицето и делумно внатре, во ноздрите.
– На овој начин ќе го исчистите носот и првиот дел од респираторниот систем од натрапници, каде што влијанието на несаканите гости е најсилно – вели Островски.
После тоа, внатрешноста на носот треба да се намачка со малку масло од маточина и вазелин. Ако го правите тоа редовно – никогаш нема да „соберете“ вирус или грип или други непријатели кои низ вашиот нос влегуваат во нашиот „универзум“.
– Одлучете сами што е најдобро за вас. Ви го пренесувам само она што мене ми одговара. Пробајте сами, бидете храбри и никогаш не плашете се. Од никого, бидејќи стравот е нашиот најголем непријател – вели Островски.