Антонио Бандерас (61) е снимен со својата 20-години помлада девојка по шпекулациите дека нивната врска е во криза.
Актерот и Никола Кемпел (41) се фотографирани на балконот на еден шпански хотел во Малага, па овие тврдења ги „демантираат“ кога папараците ги снимиле како разменуваат заљубени погледи и насмевки.
И’ после 7 години парот изгледа многу заљубено.
Никола и Антонио ја започнаа својата врска во 2014. година, а актерот во едно интервју опиша како му го спасила животот. Имено, актерот доживеал срцев удар, а во вистински момент до него била Никола која го спасила и му пружила прва помош.
„Кога почнаа симптомите, јасно знаев што се случува. Таа ми стави еден од оние аспирини под јазикот и ми го спаси животот“, изјавил тој за шпанските медиуми.
Инаку, Бандерас претходно беше во брак со актерката Мелани Грифит, со која ја има ќерката Стела.