Актерот Крис Прат неодамна повторно се нашол на мета на критики по интервјуто во кое зборувал за своите психички проблеми и за почетоците на врската со Кетрин Шварценегер, со која сега има две деца.
Не е тајна дека за својата втора сопруга секогаш зборувал во суперлативи, а токму тоа и го довело во неволји. Додека ја величал сегашната, тој ја понижил поранешната сопруга, актерката Ана Фарис, а јавноста не му го простила тоа.
За среќа, Крис Прат успеал да се „извлече“, но според многумина изгледа дека сè уште не ја научил лекцијата. Како што изјавил за „The Drew Barrymore Show“, кога ја запознал Кетрин, „се наоѓал на мрачно место“, хаотичен поради разводот со Ана Фарис.

„Господ има копче за брзо премотување, знаеш? Кога е она вистинското – бум – само те погодува. Се вљубуваш и стапуваш во брак“, зборувал Крис.
Истата година кога се разведувал, ја запознал постарата ќерка на Шварценегер, а се венчале само 5 месеци подоцна. И сето тоа би било во ред, доколку не се косело со сето она што се случувало претходно.
За време на разводот, Прат се прикажувал себеси како жртва и зборувал дека ја сака својата поранешна сопруга, но уште пред да биде финализиран нивниот развод, тој започнал афера со Кетрин.
.@supermariomovie star @prattprattpratt reveals that he was sneaking glances at his now wife, @KSchwarzenegger, in church before meeting her. pic.twitter.com/HaAbAB78mS
— The Drew Barrymore Show (@DrewBarrymoreTV) April 4, 2023
Сета ситуација ја влошил и податокот дека тој всушност го иницирал крајот на бракот, бидејќи не можел да се помири со тоа дека имаат болно дете.
Ана се повлекла од Холивуд како би се грижела за синот најдобро што може, додека Крис ја нашол новата љубов.
Да потсетиме, Крис во 2021 година споделил фотографија со својата нова сопруга и јавно ѝ се заблагодарил што „му овозможила нов живот“ и што „родила здрава ќерка“.
Тоа не би било ништо чудно, доколку не би бил познат фактот дека Прат има син од бракот со Ана Фарис кој имал голем број здравствени компликации.
„Синот на Крис Прат и Ана Фарис при раѓањето имал церебрално крвавење кое оставило неизбришливи последици по неговото здравје и подвижност. Но, многу е важно како сега се фали дека конечно добил здраво дете. Крис Прат е обично ѓубре“, пишувало во еден од првите коментари под спорната фотографија, а критиките само се нижеле една по друга.
„Бега од обврските, детето го гледа еднаш во две недели, Ана сама решава сè“, „За некој кој толку се повикува на Бог, тој прилично лаже“, „Ја понижи Ана, сега повторно го прави тоа. Буквално призна дека не ја сака, ја величи сегашната, додека ја понижува поранешната“, „Додека ја оплакуваше својата судбина, Ана беше таа што на синот мораше да му биде и татко и мајка“, биле само дел од лутите коментари на социјалните мрежи.