Познатиот водител Пирс Морган во утринската програма жестоко ја нападна војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
-Таа е таков фолирант. Таа сака само да ги искористи луѓето,-рече Пирс кој исто така истакна дека Хари и Меган имаа двојни аршини и дека тужбата треба “да си ја набијат во уста и да ја проголтаат“.
А се започна кога кралевскиот пар објави дека покренува судски процес против медијската компанија “Mail” поради објавување на приватното писмо кое Меган го пратила до својот татко Томас Маркл.
Водителката Сузан Рид сакала да ја смири ситуацијата рекла дека не е убаво така да зборува за војвотката.
-Во ред, тоа е мој личен став и мое искуство со Меган Маркл. Така да не сакам да се правам дека некого го сакам кого не го сакам – рекол Пирс.
Инаку, ова не е прв пат водителот жестоко да ја нападне војвотката. Лани, во својата колумна тој напиша, дека Меган знае како да им се додворува на луѓето и кога ќе го добие од нив она што намислила, повеќе никогаш нема да им се јави.