Луксузниот бренд “Loewe” се извини и повлече две парчиња облека поради обвинение од купувачите дека панталоните и кошулите кои се во пруги потсетуваат на облеката на логораши во нацистичките концетрациони логори.
Оваа шпанска компанија ги пушти црно-белите кошули и панталони како специјална колекција инспирирано од англискиот керамичар од 19-от век Вилијам де Морган.
Веднаш откако колекцијата беше пуштена во продажба почнаа нападите на купувачите за нејзиниот изгледа.
-За скоро 1.000 долари можета да изгледате како логораш- беше еден од коментарите.
Инаку, кошулата чини 950 долари.