Кевин Бејкон (65) и Кира Сеџвик (58) се запознале во време кога познатиот актер и режисер проживувал еден од најтешките моменти во животот.
Тие се заљубиле во далечната 1987 година, пред точно 36 години, по само неколку месеци врска, а денес се присетуваат дека искрите меѓу нив пламнале истата секунда кога се запознале на снимањето на филмот „Lemon Sky“.
Токму романсата со оваа убавица била пресудна за Кевин и променила сè на подобро.
„Таа беше љубовта на мојот живот, веднаш го знаев тоа. Но, кога таа влезе во мојот живот, мојата кариера беше на дното. Сепак, се случи љубов и добивме деца, а понудите за филмови конечно започнаа да доаѓаат“, истакнал Бејкон во една прилика.
Интересно е што Кевин и Кира се роднини од деветто колено, што случајно го дознале во една емисија кога експерти ги прегледале нивните ДНК анализи. Бидејќи се многу, многу далечни роднини, тоа воопшто не го нарушил нивниот однос.
Имено, парот во 2011 година се согласи да учествува во шоуто „Finding Your Roots“, а и двајцата биле изненадени од резултатите. Кира признала дека таквото откритие било „вознемирувачко“ за нив, но дека сè е во ред сè додека се далечни роднини. На Бејкон му било потешко: „Се чувствував како да се шегуваат со нас“.
Инаку, животот на овој пар не поминал без проблеми. Во еден момент тие изгубиле голем дел од своето богатство поради финансиски малверзации на озлогласениот измамник Берни Медоф.
Кевин и Кира имаат 2 деца, 34-годишниот син Тревис и 3 години помладата ќерка Сози.