Почина познатиот хрватски музичар и пејач Масимо Савиќ, соопшти неговото семејство. Имаше 60 години.
„Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нѐ напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност.Ние ќе бидеме ваши девојки засекогаш. Ани и Мирна“, објавија неговата сопруга и ќерка на неговата официјална страница.
Масимо Савиќ починал во Виноградската болница во Загреб каде се лекувал од рак на белите дробови.
Масимо е роден на 6 јуни 1962 година во Пула, а завршил гимназија во Загреб, каде ја започнал својата музичка кариера. Во 1983 година, како водач на легендарната њу вејв / синт-поп група Доријан Греј, го издава својот прв албум – Sjaj u tami , а две години подоцна и вториот албум For Your Eyes.