Актерката Мејтлан Ворд позната на пошироката јавност по својата улога во серијата „Boy meets world“ откако ја отвори вратата на Холивуд, филмската индустрија за која сите актерки сонуваат, таа се сврте кон индустријата за еротски филмови.
Своето неверојатно искуство таа го опишала во книгата „Како порно индустријата ме спаси од Холивуд“.
Актерката се осврнала на периодот на снимањето на серијата што ја направи ѕвезда, опишувајќи го искуството како многу збунувачко.
– Во серија како „Boy meet word“ би можела да бидам секси и провокативна. Во некои сцени носев минимална облека и сите беа воодушевени што во некои кадри имав онолку облека колку што би имала за дечкото во спалната соба. Ако носев такви работи во јавноста или би ме фотографирале некаде, продуцентите и индустријата на Дизни ќе ме пикираа. Особено Мајк Џејкобс, тој беше многу упорен во тоа дека девојките мора да изгледаат невино – истакна актерката.
Според оваа актерка, искуството од снимањето на серијата ѝ пречело да ја истражи својата сексуалност.
– Сето тоа ми беше многу збунувачко. Ми пречеше во откривањето која сум и какви желби имам, и тоа траеше многу долго – открива познатата актерка на филмови за возрасни.
Актерката Мејтлан Вард влезе во порно индустријата во 2006 година. За многу кратко време таа се најде на самиот врв во филмовите за возрасни. Таа продолжи да снима филмови и стекна голема слава кај публиката од таа содржина.
Актерката открива и дека тоа што го заменила Холивуд со порно индустријата ја ослободило од притисокот со кој се соочуваат жените поради стареењето.
-Во текот на раните 2000-ти, притисокот во Холивуд беше страшен. Сите беа во паника дека набргу, како стареат, кариерата ќе им заврши, дека нема да добиваат атрактивни улоги и дека ќе заминат во заборав. Холивуд сака убави и млади жени, сè друго за нив има рок на траење. Секако, тоа не е случај со мажите, тие би можеле да бидат ѕвезди и на 60 или 70 години. Холивуд е многу суров кон стареењето, додека јас тоа не го чувствувам во порно индустријата – открила актерката.
Таа се надева дека нејзината приказна ќе доведе до некаков напредок во елитната филмска индустрија.