Поп ѕвездата Оливија Родриго беше погодена во глава со букет цвеќе за време на нејзиниот концерт во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк во вторникот вечерта.
Во сега веќе виралното видео, можеме да видиме како пејачката ги поздравува возбудените обожаватели внатре во салата. Во еден момент, еден од присутните на концертот се обидел да и подаде букет, но кога Родриго не го зела, го фрлил удирајќи ја во задниот дел од главата. Пејачката се повлекла кога тој ја удрил, по што таа отишла да се поздрави со другите обожаватели.
An audience member threw a bouquet of flowers at Olivia Rodrigo’s face while she was greeting fans at her GUTS World Tour.
— Pop Base (@PopBase) April 10, 2024
Во коментарите на социјалните мрежи, многумина сметаат дека тоа е „многу грубо“ и неприфатливо и предупредија дека пејачката можела да биде сериозно повредена.
„Се надевам дека Оливија е добро после ваков груб гест. Каква недостаток на почит”, „Некои од овие родители не ги воспитале добро децата“, „Концертната етика исчезна“, беа само дел од коментарите.