Една од најуспешните пејачки, Натали Имбрулија по примерот на многу жени во светот, остана бремена преку ин витро процедура, со помош на донатор на сперма.
Покрај тоа што ќе стане мајка, Натали открила и дека снима нов албум. Таа е благодарна што медицината денеска е толку напредна што им овозможува на жените да се остварат како мајки, дури и ако не го нашле партнерот за тоа.
Имбрулија одамна изјавила дека ако не успее по природен пат, тогаш ќе побара друга опција и е подготвена на предизвикот да се реализира како самохрана мајка.