Американската пејачка Оливија Родриго се присети на непријатната ситуација која ѝ се случила на границата по настапот во Канада.
Пејачката гостувала во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон и ги раскажала деталите од средбата со полицијата и како ја одвеле во притвор.
„Одевме од Канада во Портланд. Бевме на гранична контрола и им го дадов пасошот. Потоа тропнаа на вратата и рекоа: „Ни треба Оливија“, започнала Оливија, која излегла од автобусот бидејќи мислела дека полицајците сакаат нејзин автограм. „Размислував: „Имав неколку емисии, можеби нивните ќерки сакаат автограм“, рече таа.
Меѓутоа, полицијата ја привела на распит.
„Беше три по полноќ, ме однесоа во собата за испрашување. Имаше полицаец со пиштол. Ме праша дали некогаш сум била уапсена, а јас му реков не. А тој праша: „Дали си сигурна?“ О Боже мој, можеби бев уапсена и не се сеќавам“, вели Оливија.
„Ме исплаши затоа што рече нешто како „Дали знаеш дека можеш да одиш во затвор ако лажеш полицаец? Ова е навистина сериозно“. И јас бев навистина преплашена, мислев дека нема да ми дозволат влез во Америка. Навистина имав напад на паника“, рече таа. Додала дека седела во собата 30 минути и дури потоа полицаецот ја погледнал и ја прашал како се вика. Потоа го напишала своето име, а полицаецот сфатил дека не е истата Оливија.
„Тогаш тој ми рече: „Ох, има една девојка која изгледа исто како тебе, таа е на твоја возраст и беше апсена повеќе пати, а нејзиното име е Оливија Родригез“, рече таа.
Пејачката неодамна настапувала во Мелбурн каде доживеала несреќа. Оливија истрчала околу бината откако ги поздравила фановите, а потоа паднала во дупка среде бината. Таа брзо ги смири загрижените обожаватели откако стана и рече: „О Боже, тоа беше забавно. Добро сум“.