Руслана Коршунова, казахстанско-руски топ модел, се самоубила на 20-годишна возраст по две години престој на таканаречениот педофилски остров на Џефри Епстајн.
Ѕвездата на модната писта и заштитно лице на парфемот „Нина Ричи“ била пронајдена во стан на Волстрит во 2008 година, пишува „Дејли Мејл“.
Во јуни 2006 година, на 18-годишна возраст, таа полетала од Њујорк со Епстајн и други пријатели со неговиот Боинг 727, наречен „Лолита експрес“, до неговиот приватен остров, Малиот Сент Џејмс.
Не е јасно што се случило со неа додека била таму, но Епстајн беше познат по тоа што превезувал девојки и млади жени во неговиот комплекс, каде што тој и другите мажи сексуално ги експлоатирале.
Таа исто така била член на култ во времето кога извршила самоубиство.