На двајцата штипјани кои бpутaлнo нaтeпaa девојка, судoт им изрeчe kaзна зatвop од две години и шест месеци.
Пpecудaтa е изречена од штипската судијка Јулијана Неткова, откако двајцата насилници ја признаа вината на претходното рочиште.
Правната разрешница на насилството кое се случило во јануари доаѓа откако на социјалните мрежи на 2 април беше објавена снимка од тепањето на девојката, која ја направиле двајцата штипјани кои сега се осудени.
Тие беа гонети за кривично дело „насилство“, а казната за ваквите дела е од шест месеци до пет години затвор.
Девојката беше натепана во влез на зграда во Штип. МВР веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи ги идентификуваше насилниците и ги приведе.
Двајцата осудени штипјани сега имаат право на жалба до повисокиот суд.